🎉 Дочекајте ја новата година со стил! ✨ Целосни стилови за целото семејство 💃🕺 Купи сега >>

Општи услови за купување во онлајн продавницата

 

1. Предмет на овие општи услови, контакт

1.1. Предмет на овие општи услови

Во деловните трансакции помеѓу LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија (во понатамошниот текст „Продавач“) и Клиентот* ќе се применуваатисклучиво следните Општи услови (во понатамошниот текст ОУ) опфатени во верзијата што е важечка во моментот на нарачката поврзана со деловните активности во онлајн продавницата во Босна и Херцеговина https://www.sinsay.com/mk/mk/

Други или изменети услови на Купувачот нема да бидат прифатени, освен доколку Продавачот изрично не ги одобри истите во писмена форма.

1.2. Контакт:

Можете да контактирате со нас на следните начини:

- LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија

- Со повикување на нашата служба за односи со клиенти: +389 25800305

- Преку е-пошта: support.mk@sinsay.com

- Преку образецот за контакт на нашата веб-локација.

- Преку прозорчето „разговор“ на нашата веб-локација

2. Општи услови за користење на онлајн продавницата

2.1. Онлајн продавницата е достапна единствени за лица над 18 години.

2.2. За користење на онлајн продавницата од страна на лица помлади од 18 години потребна е согласност од нивниот законски старател.

2.3. Клиентот се смета за потрошувач, доколку целта на нарачката на добра и услуги не е, ниту пак подразбира понатамошна трговска или самостојна професионална дејност на таа страна. Трговец е кое било партнерство или физичко или правно лице кое врши трговска или самостојна професионална дејност при склучување на договорот.

*Ве молиме имајте предвид дека изоставувањето на сите граматички родови е со цел овој текст да биде полесен за читање. Се разбира, овие Општи услови важат и за нашите женски потрошувачи.

2.4. Доколку се регистрирате на нашата веб-локација вршите пренос на Вашите лични податоци. Потребна е Ваша согласност за обработка на Вашите лични податоци, во спротивно, нема да можете да ја користите нашата онлајн продавница. Типот и начинот на обработка на Вашите податоци се објаснети тука: Политика за приватност.

2.5. За да осигуриме дека правилно сме ги снимиле Вашите податоци, по регистрацијата во онлајн продавницата, ќе Ви испратиме е-пошта во која ќе биде побарано да ги проверите и потврдите Вашите податоци.

2.6. Добрата се продаваат единствено во количини соодветни за лична употреба.

2.7. Онлајн продавницата на Продавачот претставува единствено каталог со добра за продажба. Со прикажување на производите во онлајн продавницата, Продавачот дава понуда на Купувачот за прикажаните производи и склучува договор за продажба на добра (во понатамошниот текст: Нарачка).

2.8. Јазик на кој е изготвен купопродажниот договор е македонскиот јазик.

3. Обработка на Вашите лични податоци

3.1. Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци е доброволна. Меѓутоа, доколку не се согласувате со обработка на истите, нема да може да се регистрирате и да ја користите онлајн продавницата. Сите други информации во врска со заштитата на личните податоци може да ги најдете во нашата Политика за приватност.

3.2. Во некои случаи, ќе биде побарано од Вас да дадете согласност на нашата онлајн продавница со цел да Ви испраќаме промотивен материјал, на пример, известувања за попусти, специјални продажби, распродажби итн. Оваа согласност е исто така доброволна и може да се повлече во секое време. Повеќе информации можете да дознаете во нашата политика за приватност.

 4. Нарачки

Производите може да се нарачаат на https://www.sinsay.com/mk/mk/:

4.1. Производите во онлајн продавницата се прикажани на начин што се дадени информации како што се големина, боја, цена и материјали од кои се изработени добрата.

4.2. При нарачката, можете да изберете големина, боја, количина и сите други карактеристики според Вашата потреба.

5. Како да купам производ во онлајн продавницата?

5.1. Изберете производ од асортиманот со кликање на копчето „Додај во кошничка“ за да го додадете во кошничката. Ова не создава обврска според Договорот за продажба.

5.2. Сите артикли кои сте ги ставиле во кошничката можете да ги прегледате со кликање на копчето „Кошничка“, што се прикажува во горниот дел на веб-локацијата. Тука, исто така, можете да ги отстраните артиклите или да ја измените количината на одреден артикл.

5.3. Доколку сакате да купите артикли од Кошничката, кликнете на копчето „Order“ (Нарачај).

5.4. Мора да се регистрирате на веб-локацијата за да купите артикли. По регистрацијата достапни се и други опции, на пример, преглед на нарачки, зачувана адреса за испорака на производи и историја на нарачки.

5.5. Изберете го претпочитаниот начин и адреса за испорака (на домашна адреса или подигнување во продавница на Sinsay) и наведете ги Вашите информации за плаќање.

5.6. Потоа можете да го изберете начинот на плаќање. Достапни се следните начини на плаќање: плаќање при испорака.

5.7. Откако ќе го изберете начинот на плаќање, изберете го начинот на испорака и адресата за испорака на добрата. Откако ќе ги изберете овие опции, можете да продолжите со купување или да побарате преглед на Вашата нарачка.

5.8. Со кликање на копчето „Buy and pay“ (Купи и плати), се обврзувате да ги купите производите во Вашата кошничка. Пред тоа, треба да го изберете полето за прифаќање на овие Општи услови и на тој начин да ја вклучите оваа согласност во Вашата нарачка.

Оваа нарачка е обврзувачка за Вас, освен доколку не ја откажете во рок од 15 минути од поднесување на нарачката со кликање на копчето „Cancel order“ (Откажи нарачка).

Доколку сакате да извршите измени во Вашата нарачка, треба да ја откажете нарачката и да поминете низ процесот за нарачка на нов производ.

5.9. Како потрошувач имате право да се откажете, и истото право не е нарушено со горенаведената процедура.

5.10. Можете да го откажете испраќањето на нарачката во кое било време за времетраење на процесот на нарачка до извршувањето на наплатата. За да го сторите ова, доволно е да не преземете понатамошни чекори или да ја напуштите страницата за нарачка. Ова може да го сторите со кликање на копчето што овозможува да се вратите на претходната страница или на која било случајно избрана страница или производ на веб-локацијата: https://www.sinsay.com/mk/mk/. Нарачката што не е потврдена нема да биде испратена.

5.11. По добивање на нарачката, Продавачот ќе Ви испрати потврда за нарачката преку е-пошта, во која повторно се наведени деталите за Вашата нарачка. Ова сè уште не претставува склучување на договор за продажба на добра. Договорот за продажба на добра се склучува единствено кога е испратена потврда за испраќање на добрата.

5.12. Продавачот може да Ве контактира преку телефон (доколку сте навеле телефонски број) или преку е-пошта за да ги разјасни сите нејасни прашања во врска со нарачката и испораката. Телефонските броеви и адресите на е-пошта се користат единствено за целите на обработка и испорака на нарачките и нема да се користат за рекламни цели, освен доколку не добиеме изрична согласност од Ваша страна.

5.13. Како потрошувач, можете да ја повлечете Вашата изјава за намера да го склучите договорот според политиката за откажување достапна на веб-локацијата https://www.sinsay.com/mk/mk/help-withdrawal/. Политиката за откажување и формуларот за откажување на купувањето ќе Ви бидат повторно испратени преку е-пошта со наслов „Order confirmation“ (Потврда на нарачката).

5.14. Фискалната сметка ќе ја добиете заедно со пакетот.

6. Цени

6.1. Сите цени наведени во онлајн продавницата се наведени во македонски денари и го вклучуваат законски пропишаниот данок на додадена вредност. Покрај тоа, постојат трошоци за испорака, чиј износ зависи од избраната опција за испорака и начинот на плаќање. Овие трошоци се пресметуваат посебно. Пред да ја поднесете Вашата нарачка, повторно ќе се прикажат цената, вклучувајќи ги сите важечки законски даноци на додадена вредност и трошоците за испорака што ќе бидат направени.

6.2. Цената што е наведена на крајот од нарачката претставува конечна цена. Продавачот и купувачот се обврзани со оваа цена. После тоа, цената нема да се менува, дури и доколку Продавачот во иднина ја намали или зголеми цената на добрата.

6.3 Дополнително, Продавачот го задржува правото, во рамките на важечкиот закон, да ги менува цените во онлајн продавницата, да понуди нови производи и да одобрува или прекинува промоции со попуст. 

7. Достапност на добрата

Добрата што се нудат во онлајн продавницата се општо достапни. Меѓутоа, во ретки случаи, на пример, доколку одреден производ е нарачан од повеќе клиенти, може да се случи некој артикл повеќе да не е достапен. Во таков случај, веднаш ќе бидете известени дека добрата не се достапни. Не се склучува договор за добра што не се достапни за продажба. Испораката се врши додека има залихи на добрата.

Недостапните големини се означени со различна боја од достапните големини на страницата на производот. Производите во големини што не се достапни не можат да се додадат во кошничката, но може да се додадат во листата на желби. 

Можете да се регистрирате за да добиете известување преку е-пошта кога производот ќе биде повторно достапен.Можете да ја повлечете Вашата согласност за складирање на Вашите податоци и адреса на е-пошта, како и согласноста Вашите податоци да се користат за испраќање е-пошта. Можете да се откажете користејќи ја врската во самото известување или со испраќање е-пошта на следната адреса за е-пошта: support.mk@sinsay.com.

8. Неможност за обработка на нарачка

8.1. Во случај на недостаток на конкретен производ во магацинот или неможност да се изврши нарачката од која било друга причина, Клиентот ќе биде известен за истото преку е-пошта или телефонски повик. Во особено оправдани случаи, LPP може да одбие да склучи договор за продажба за да ги заштити своите средства.

8.2 Во случај на неможност LPP да ја достави поднесената нарачка до одреденото место на подигање избрано од Клиентот (поради, на пример, недостапност на избраното место или пакувањето ја надминува предвидената големина), LPP го задржува правото да ги искористи податоците што се наведени за фискалната сметка или друга алтернативна адреса за да ја испорача пратката. Ова се применува доколку таквите информации биле наведени при поднесување нарачката.

9. Начин и рок на испорака

9.1. Нарачаните добра се доставува единствено на територијата на Северна Македонија.

9.2. Покрај испораката на адресата што ја наведовте или до складот на Милшпед, ода каде што можете да ја подигнете.

9.3. Доколку е избрана опцијата за испорака „Milsped Pickup point“ (Склад на Милшпед), добрата може да се подигне со покажување на валиден документ за идентификација на лице вработено во складот на Милшпед. Податоците за адресата наведена во документот за идентификацијата мора да бидат исти со податоците во фискалната сметка и на испратницата. 

9.4. Времето за испорака вообичаено изнесува 7-19 работни дена. Нарачките ги испраќаме од понеделник до петок; тоа значи дека саботите не се вклучени во пресметката на времето на испорака. Периодот на испорака започнува на денот на потврдата за испорака. Ќе Ве контактираме доколку некој артикл повеќе не е достапен или доколку не можеме да го испратиме поради некоја друга причина.

10. Начин на плаќање

Достапни се следните начини на плаќање: плаќање при испорака.

Ве молиме имајте предвид: Ние никогаш нема да испратиме е-пошта со известување за промена на нашата банкарска сметка, а потоа да бараме плаќање на купопродажната цена со жичен трансфер. Игнорирајте ја таквата порака и не иницирајте плаќање. Во таков случај, Ве молиме препратете ја е-поштата што сте ја примиле на следната адреса на е-пошта: support.mk@sinsay.com.

11. Политика за откажување

11.1. Право на откажување

Имате право да се откажете од овој договор во рок од четиринаесет дена без да наведете причина за откажувањето. Рокот за откажување е четиринаесет дена од денот кога Вие или трето лице именувано од Ваша страна, кое не е превозник, ќе ја преземе сопственоста на добрата. За да го остварите Вашето право да се откажете од договорот, потребно е да испратите известување

- Преку пошта: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, SINSAY East Gate Mall, Беласица 2, 1000 Скопје,

- Преку телефон: +389 25800305,

- Преку е-пошта: support.mk@sinsay.com со јасна изјава (на пример, писмо испратено по пошта или е-пошта) во врска со Вашата одлука да се откажете од овој договор.

- Со пополнување и поднесување на онлајн формуларот достапен во панелот Customer (Клиент) за секоја нарачка; доколку се користи формуларот, Клиентот ќе добие е-пошта потврда дека LPP го примиле нивното известување за откажување.

За да го сторите ова, можете да го пополните стандардниот формулар за откажување на добрата што е приложен, меѓутоа, ова е опционално. За да го откажете купувањето во рамките на предвидениот рок, доволно е да испратите известување дека сакате да го остварите Вашето право на откажување пред истекот на рокот за откажување на договорот.

Ве молиме имајте предвид! Секој од начините на поднесување известувања е прифатлив и сите начини се подеднакво ефикасни. LPP го препорачува онлајн формуларот достапен во панелот Customer (Клиент) единствено затоа што е лесен и брз начин.

11.2. Последици од откажување на договорот
Доколку го откажете овој договор, ние мора да Ви ги рефундираме сите парични средства што сме ги примиле од Вас, вклучително и трошоците за испорака (со исклучок на какви било дополнителни трошоци што произлегуваат од изборот на начинот на испорака што е различен од најевтината стандардна опција за испорака која ја нудиме), веднаш, но не подоцна од 14 дена од датумот на кој ќе добиеме известување за Вашето откажување на овој договор.

За рефундирање на средствата, ќе го користиме истиот начин на плаќање што сте го користеле при купувањето, освен доколку изрично не се договориме со Вас за друга опција; во никој случај нема да Ви биде наплатена провизија за рефундирање.

Нема да извршиме рефундирање додека не ги добиеме добрата или додека не обезбедите доказ дека сте ги вратиле добрата, без разлика кое и да се случи порано.

Морате веднаш да ги испратите или вратите добрата, а во секој случај не подоцна од четиринаесет дена од денот кога сте доставиле известување за Вашето откажување на овој договор. Исполнувањето на овој услов подразбира да ги испратите добрата пред истекот на рокот од четиринаесет дена.

Вие сте обврзани да платите за каква било загуба на вредноста на добрата, доколку по проверката на состојбата, карактеристиките и функционалноста на добрата, утврдиме дека сте постапувале со добрата на несоодветен начин.

11.3. Стандарден формулар за откажување на купувањето

Доколку сакате да се откажете од договорот, пополнете го овој формулар и вратете го преку е-пошта или пошта.

- Пошта: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија, Е-пошта: support.mk@sinsay.com

- Јас/ние (*) Ве известувам/е дека јас/(ние*) се откажувам/е од договорот за купување на следните добра (*)/од испораката на следната услуга (*)

- Нарачано на (*)/Примено на (*)

- Име и презиме на потрошувачот(ите)

- Адреса на потрошувачот(ите)

- Потпис на потрошувачот(ите) (единствено доколку овој формулар за известување е во хартиена форма)

- Датум

(*) Избришете како што е соодветно.

12. Право на враќање на добрата

Покрај законското право да го откажете купувањето, имате право и да ги вратите купените добра во рок од 30 дена од денот на приемот на добрата.

Благодарение на ова право на враќање, можете да се откажете од договорот и по истекот на периодот на откажување од 14 дена (види клаузула 11 Право на откажување) со враќање на добрата кај нас во рок од 30 дена од приемот (овој период започнува на денот на приемот на добрата). За да го запазите рокот, доволно е да ги испратите добрата навремено или да го пополните и испратите формуларот за враќање на нашата веб-локација.

Меѓутоа, ова право на враќање на добрата се овозможува единствено под услов добрата да бидат вратени во првобитната состојба, неоштетени и во оригиналното пакување. Таквите добра може да се користат единствено за да ги пробате.

Сметката што сте ја користеле при плаќањето е сметка на која ќе Ви бидат рефундирани средствата.

Би сакале да истакнеме дека законското право на откажување останува незасегнато од правото на доброволно враќање и истото е независно од ова право. Право за доброволно враќање на добрата не ги ограничува правата поврзани со гаранцијата.

Дополнителни информации за враќање на добрата може да најдете откако ќе се најавите на „My Account“ (Моја сметка) под јазичето „My Orders“ (Мои нарачки). Онлајн формуларот за комплетирање на враќањето, исто така, може да се пронајде под јазичето „Returns and Exchanges“ (Враќања и замени).

13. Гаранција

13.1. Може да поднесете рекламација за недостатоци на купените добра во согласност со законските одредби од Директивата на ЕУ за одговорност за неисправни производи. Конкретно, можете да побарате разрешување на поплаката (нова испорака или корекција на недостатокот). Сепак, ние ќе ви испратиме нов производ доколку корекцијата на недостатокот би предизвикала непропорционални трошоци. Гаранцијата истекува 2 години по испораката на добрата.

13.2. Ве молиме наведете го бројот на нарачката, Вашето име и презиме, Вашата адреса и краток опис на причината за рекламацијата кога поднесувате поплака. Онлајн формуларот за оваа намена може да се испрати по пошта или е-пошта (support.mk@sinsay.com). Потоа треба да ги испратите добрата на следната адреса: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, SINSAY East Gate Mall, Беласица 2, 1000 Скопје.

Вие ќе го платите трошокот за враќање на добрата.

14. Процедури за решавање спорови

Ние не сме подготвени ниту обврзани да учествуваме во процедурите за решавање спорови пред арбитражен одбор за потрошувачи.

15. Задржување на сопственоста

Продавачот го задржува правото на сопственост врз добрата, додека куповната цена не биде целосно исплатена.

16. Авторски права

Содржината на оваа веб-локација, вклучително слики како визуелни и текстуални материјали, е заштитена со законот за авторски и други права. Употребата на слики, визуелни и текстуални материјали е дозволена исклучиво за лична употреба, а понатамошна употреба без изрична писмена согласност од страна на Продавачот не е дозволена.

17. Применлив закон и место на јурисдикција

17.1. Законите на Република Србија, со исклучок на Конвенцијата на Обединетите нации за договори за меѓународна продажба на добра (CISG), важат за сите договори помеѓу Продавачот и Купувачот. Овој избор на закон се применува единствено до степен до кој потрошувачот не е лишен од опционалната легислатива за заштита на потрошувачите на земјата во која престојува потрошувачот во моментот на нарачката.

17.2. За деловни трансакции со трговци, ексклузивно место на јурисдикција за сите спорови кои произлегуваат од договорните односи меѓу Продавачот и Клиентот ќе биде седиштето на Продавачот (Гдањск, Полска, во случај на надлежност на окружниот суд: Гдањск - Полноц во Гдањск).

18. Измени на овие Општи услови

Продавачот има право еднострано да ги промени овие Општи услови доколку е потребно со цел да ги усогласи со промените во правната или техничката рамка. Клиентите ќе бидат информирани за усогласувањата со доставување на променетите услови. Промените ќе станат дел од договорот, доколку Купувачот не испрати писмен приговор за промените во рок од шест недели од добивањето на известувањето дека промената е вклучена во договорниот vis-a-vis однос со Продавачот.

Важи од: 06.09.2024 година

дали одговорот бил од помош?

Ажурирање на Политиката на приватност

Постојано бараме нови решенија за да можеме подобро да одговориме на вашите очекувања во текот на користењето на на нашата web-страна. Ја почитуваме вашата приватност и се грижиме за заштитата на податоците и затоа, заради ажурирање на функционирањето на web-страната, ве молиме да ја прочитате новата верзија на Политиката на приватност каде се дадени правилата за постапување со личните податоци, обемот на нивната обработка и правата и обврските кои ги имате во тој однос.

Политика на приватност

1. Администраторот на Личните податоци (во понатамошниот текст APD) е: LPP MACEDONIA DOOEL Skopje, 4080019584370, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1 кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар, 1000 Скопје, Северна Македонија

2. Може да го контактирате службеникот за Заштита на податоци (во понатамошниот текст DPO) на e-mail адресата: dataprivacy@lpp.com или по пошта на адреса на APD дадаена погоре;

3. За работи кои се однесуваат на вашите лични податоци можете да не контактирате на следната e-mail адреса: support.mk@sinsay.com;

4. Вашите податоци ќе бидат обработени врз основа на вашата експлицитна согласност за целите да ви праќаме комерцијална информација (newsletter) за тековните промоции, ажурирања на производи и услуги за брендовите кои припаѓаат на LPP (Reserved, House, Sinsay, Mohito, Cropp);

5. Личните податоци ќе бидат обработени се додека не ја повлечете вашата согласност за претплата на newsletter;

6. Со вашите согласности може да управувате од секцијата "Моја сметка", ако сте регистриран корисник во нашата online продавница.